СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Продолжени мерките за ограничено движење на Нов Зеланд

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн денеска најави дека мерката за ограничено движење останува во сила уште една недела

Велингтон, 20 април 2020 (МИА) – Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн денеска најави дека мерката за ограничено движење останува во сила уште една недела.

Таквата мерка е во сила речиси еден месец поради пандемијата со новиот коронавирус.

Граѓаните на Нов Зеланд можат да ги напуштат домовите само за да купат прехранбени производи и доколку сакаат да вежбаат.

Од следната недела предвидено е да продолжи работата на градежните објекти и во некои фабрики, а се планира и отворање на поединечни училишта.

На Нов Зеланд досега со новиот коронавирус заразени се 1.440 луѓе, од кои 12 починале. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close