0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Продолжен летниот трансфер прозорец во Премиер лигата

Сепак, ова ги доведе екипите во неповолна положба во однос на другите клубови во Европа кои би можеле да купат играчи од Премиер лигата без локалните клубови потоа да можат да најдат нивни замени.

Лондон, 6 февруари 2020 (МИА) – Клубовите од Премиер лигата изгласаа да се вратат на правилата за претходниот летен трансфер прозорец и истиот повторно ќе се затвори кон крајот на август или почетокот на септември. Во последните две години, прозорецот се затвора порано и клубовите можат да извршат трансфери до еден ден пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата.

Сепак, ова ги доведе екипите во неповолна положба во однос на другите клубови во Европа кои би можеле да купат играчи од Премиер лигата без локалните клубови потоа да можат да најдат нивни замени.

– Трансферот 2020 година ќе се затвори на 1 септември во 16:00 часот по локално време. Клубовите се согласија на овој датум откако долго разговараа на оваа тема, објави Премиер Лигата.

Новиот извршен директор на првенството, Ричард Мастерс откри дека постои уште една причина за враќање на стариот трансфер прозорец.

– Една од причините е што имиграцискиот систем ќе се смени и ова може да биде последниот прозорец во кој слободата на движење сè уште ќе биде во функција, така што клубовите ќе можат да искористат подолг прозорец за да ја искористат целосно оваа можност, објасни Мастерс.

На денешната средба на клубовите од Премиер лигата и управата на првенството беше решено новата сезона да започне на 8 август.

Таг
Back to top button
Close
Close