0_Магазин.ПорталАвтомобили

Продажбата на електромобили во ЕУ лани двапати поголема

Во меѓувреме, продажбата на дизел-возила падна за 13,9 отсто, на 4,65 милиони продадени автомобили.

Брисел, 7 февруари 2020 (МИА) – Во Европската Унија лани биле продадени над 290.000 електрични автомобили, речиси двојно повеќе отколку во 2018 година, покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (AЦEA).

Тоа значи – поголема продажба за 93,8 отсто. Холандија со 67.695 продадени возила и Германија со 63.491, се водечки земји на европскиот пазар за електромобили.

Исто така, продажбата на хибридни автомобили се зголемила за 50 отсто, на 465.026 возила, додека продажбата на хибридни автомобили со полнење, се зголемила за 13,9 отсто, на 174.103 возила.

Во меѓувреме, продажбата на дизел-возила падна за 13,9 отсто, на 4,65 милиони продадени автомобили.

Бензинските автомобили останаа најпопуларен вид возило во ЕУ, така што продажбата и се зголеми за 5,2 отсто, на 8,96 милиони возла. Нивниот пазарен удел се зголеми за повеќе од два процентни поени, на 58,9 проценти. си/ссм/

Таг
Back to top button
Close
Close