Дописници МКДОпштински вести

Пробиштип почна со чистење  на диви депонии

Општина Пробиштип почна со чистењето на дивите депонии, површините покрај патните правци, речните корита и други локации каде што несоодветно се одлага отпадот. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драгана Анастасов вели дека акцијата се реализира заедно со екипите на комуналното претпријатие „Никола Карев“.

Штип, 8 Март 2021 (МИА) – Општина Пробиштип почна со чистењето на дивите депонии, површините покрај патните правци, речните корита и други локации каде што несоодветно се одлага отпадот. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драгана Анастасов вели дека акцијата се реализира заедно со екипите на комуналното претпријатие „Никола Карев“.

Само за два дена од акцијата спроведена на патот Пробиштип-Злетово собрани се 60 вреќи со комунален отпад.

-Апелираме до сите граѓани и правни лица активно да се вклучат во оваа акција и да дадат свој придонес во одржувањето на здрав и убав изглед на нашата општина. Правните лица како општествено одговорни компании да се вклучат со чистење и уредување на сопствените дворни места. Акцијата за чистење на дивите депонии ќе трае континуирано во текот на пролетните месеци, вели Анастасов.

Општината бара граѓаните да пријават несовесно и несоодветно одлагање на отпад и секој да придонесе за чиста и здрава животна околина. вдј/аа/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close