Дописници МКДОпштински вести

Пробиштип и Кратово не ја доставија апликацијата за првиот Геопарк

Пробиштип и Кратово не ја поднесоа апликацијата за подрачјето од Лесново, до Камените Кукли кај селото Куклица да биде прогласено за првиот Геопарк во државата, што ќе биде под заштита на УНЕСКО.

Штип, 7 Декември 2019 (МИА) – Пробиштип и Кратово не ја поднесоа апликацијата за подрачјето од Лесново, до Камените Кукли кај селото Куклица да биде прогласено за првиот Геопарк во државата, што ќе биде под заштита на УНЕСКО.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, појаснува оти тие како локални власти бараат гаранција дека со заштита на овие подрачја како Геопарк, нема да пречи на работата на постојните рудници, но и на изградбата на втората и трета фаза од Хидросистемот „Злетовица“.

-Општина Пробиштип и Општина Кратово побараа да добиеме информација, доколку биде заштитено од страна на УНЕСКО дека нема да посмета за идни наоѓалишта, односно експлоатациони полиња на постојниот рудник. Пробиштип е познат по рударството. Верувајте ова е прва ваква иницијатива, дури на првата Комисија на Владата, нашето законодавство не беше сигурно дали ќе посмета, вели Анастасов.

Тој забележува дека тие тргнале со проектот за прогласување на ова подрачје за Геопарк, но пред да направат било каков чекор бараат соодветно толкување и јасно да се утврди дали ќе пречи на економскиот развој на општината.

Анастасов ги информирал и градоначалниците на Источно планскиот регион, кои откако ќе се разјаснат работите ќе донесат и заедничка одлука.

Идејата за прогласување на Лесново за  Геопарк е поддржана  логистички и финансиски со 200.000 франци од Швајцарската агенција за развој на туризмот и природното богатство.вдј/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close