0_Македонија.ПорталГраѓански секторДописници МКД

Признанија за најактивните читатели во 2019 година од библиотеката во Виница

Општинската библиотека „Вано Прке“ од Виница, на пригодна свеченост што се одржа денеска, ги прогласи најактивните читатели за минатата година и им додели признанија.

Виница, 15 јануари 2020 (МИА) – Општинската библиотека „Вано Прке“ од Виница, на пригодна свеченост што се одржа денеска, ги прогласи најактивните читатели за минатата година и им додели признанија.

Нина Ѓорѓиевска и Игнасио Јованов се најмладите читатели со најмногу прочитани книги за 2019 година. Валентина Спасова, вработена во приватниот сектор е прогласена за најчитател меѓу возрасните членови на библиотеката, а Зафир Зафиров го понесе признанието за најактивен во категоријата на пензионери.

– Во Виница има околу 2.200 пензионери, но само 40 се зачленети во библиотеката. Меѓу нив, со години наназад јас сум најактивен и по вторпат го добивам признанието. Во моментот сум посветен на руските класици, а посебен предизвик ми се делата на Солжењицин , истакна Зафиров.

Од околу илјада редовни читатели во библиотеката во Виница најбројни се основците со 450 членства и вработените со 250 читатели. Меѓу петстотината средношколци пак, само 150 редовно земаат книги.

– Сè уште нè има и такви за кои компутерската и мобилната технологија не може да биде поголем предизвик од убаво напишаниот збор. Најчесто читам книги со авантуристичка и научно-фантастична содржина и ги имам прочитано сите дела од Жил Верн. Им препорачувам на младите малку да ги остават „паметните“ телефони и да прочитаат што напишале паметните луѓе во своите книги, истакна Игнасио Јованов, најактивен читател меѓу средношколците од Виница.

Библиотеката „Ванчо Прке“ редовно набавува нови книги од домашни и странски автори и важи за една од најснабдените во државата, со книжен фонд од над 60 илјади единици со вкупно 13 илјади наслови.та/бк/

Back to top button
Close
Close