Дописници МКДОпштински вести

Привршува уредувањето на Регионалното туристичко биро во Велес, ќе профункционира наесен

Уредувањето на Регионалното туристичко биро Велес е во завршна фаза. Останува да се реализираат активностите за поставување постери за промоција на езерото „Младост“ и регионот. Сите активности треба да завршат до 31 август 2021 година.

Велес, 22 јули 2021 (МИА) – Уредувањето на Регионалното туристичко биро Велес е во завршна фаза. Останува да се реализираат активностите за поставување постери за промоција на езерото „Младост“ и регионот. Сите активности треба да завршат до 31 август 2021 година.

Бирото ќе биде сместено во просторија во поранешното кино во строгиот центар на Велес.

Како што информираат за МИА од Општина Велес, буџетот на туристичкото биро е 922.500 денари, обезбедени од Европската Унија преку проектот „Смарт езеро Младост-прва иновативна туристичка атракција во Македонија“ управуван од единицата на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПРЛК) и според протоколите на Светска банка. Преку него, посетителите на Велес ќе добиваат понуда за разгледување на градот и околината.

Граѓаните на Велес реагираат што се пролонгира отворањето на Регионалното туристичко биро поради што, велат, и ова лето бројните туристи кои се на минување низ градот, нема да добијат соодветни информации за посета на интересни туристики споменици и локалитети во Велес и околината.

Општина Велес во ноември 2018 година најави дека проектот за Регионално туристичко биро во рамки на проектот „Смарт езеро „Младост“ ќе биде реализиран до крајот на 2019 година. ад/мч/

Back to top button
Close
Close