0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Привршува откупот на вишни во делчевско

Привршува откупот на вишна од приватните производители во делчевско. Компанијата Рудине како еден од најголемите откупни центри за вишна дневно обработува четири тони од годинешниот пласман што според надлежните од компанијата ги надминува очекувањата за годинешното производство.

Делчево, 13 јули 2020 (МИА) – Привршува откупот на вишна од приватните производители во делчевско. Компанијата Рудине како еден од најголемите откупни центри за вишна дневно обработува четири тони од годинешниот пласман што според надлежните од компанијата ги надминува очекувањата за годинешното производство.

-Ситуацијата е добра во однос на откупот. Со дневно откупените четири тони, практично нашите капацитети за обработка се преполнети, што буквално значи дека од самиот преголем пласман, имаме сок кој сме во можност да го подариме. Од вишокот вишна, сокот кој останува буквално не сакаме да пропаѓа џабе, заради што оставаме простор доколку има заинтересирани да можат да превеземат дел од количините, истакнаа надлежните.

Што се однесува до бербата на вишна на сопствените насади, од компанијата информираат дека бербата се одвива машински и според планираното.

-Оваа години немаме „увозна” работна сила, како што беше случај претходните години, затоа што бербата е машински и релативно оди брзо. Освен сопствени насади со вишни, имаме и насади со сливи и малини, но и дополнително вршиме откуп од кооперанти, додаваат од компанијата.

Од таму дополнија дека успешно го менаџираат актуелниот проблем со глобалната пандемија и амбициозно продолжуваат со развојни планови. вс/см/

Back to top button
Close
Close