Дописници МКДОпштински вести

Привршува имплементацијата на проектот „Водоснабдување на Делчево“

Продолжува имплементацијата на проектот „Водоснабдување на Делчево". Претставници од швајцарската консултантска фирма ЕБП и локалната консултантска фирма „Хидроенергоинженеринг“ од Скопје задолжени за имплементација на проектот, денеска одржаа нов состанок со претставници од работната група на општина Делчево, на кој се разговараше за инфструктурните проекти и сите проблеми кои ги носи реализацијата на проектот ,,Водоснабдување на Делчево".

Делчево, 18 февруари 2020 (МИА) – Продолжува имплементацијата на проектот „Водоснабдување на Делчево”. Претставници од швајцарската консултантска фирма ЕБП и локалната консултантска фирма „Хидроенергоинженеринг“ од Скопје задолжени за имплементација на проектот, денеска одржаа нов состанок со претставници од работната група на општина Делчево, на кој се разговараше за инфструктурните проекти и сите проблеми кои ги носи реализацијата на проектот ,,Водоснабдување на Делчево”.
-Дискутираме и за корпоративен развој, кампања за развивање  јавна свест така што денешниот состанок ќе ни биде прилично опширен. Од она што можеме да го кажеме во врска со овој проект е тоа што длабоко сме навлезени во процесот на негово проектирање. Работиме на повеќе делови, а тоа значи дека го работиме проектот на станицата за пречистување на питка вода. Имаме во план да изградиме два нови резервоарски простори, проект за нови бунари на двете подрачја еден во Делчево и еден во Тработивиште, така што прилично сме одминати во фазата на проектирање на проектот, истакна координаторот од Швајцарија, Мартин Рабер.
Меѓу другото како што додаде Рабер, се работи и на поврзување на двете села Габрово и Ѕвегор на системот за водоснабдување во Делчево.
– Тендерите за Ѕвегор и Габрово кои ќе бидат распишани преку Министерство за животна средина, се надеваме да ги објавиме следниот месец додека Интернационалниот тендер за фотоволтаици и пречистителните станици очекуваме да се случи кон крајот на април. Со реализацијата на овие активности очекуваме да се подобри водоснабдувањето во двете села, дополни Рабер.
Вкупната вредност на Проектот „Водоснабдување на Делчево“ изнесува 7,3 милиони швајцарски франци, од кои шест милиони се донација од Швајцарската Конфедерација, додека приближно 1,3 милиони швајцарски франци се домашна контрибуција на Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Делчево. вс/скс/

Back to top button
Close
Close