0_Магазин.ПорталЗанимливости

Привремено запрено производството на пивото „Корона”

Владата на Мексико неделава објави вонредна состојба поради епидемијата на коронавирусот и наложи прекин на неесенцијалните производни активности во државата.

Мексико Сити, 3 април 2020 (МИА) – Мексиканската компанија за пиво „Корона” соопшти дека привремено го запира производството на овој светски познат напиток. Одлуката стапува во сила в недела.

Владата на Мексико неделава објави вонредна состојба поради епидемијата на коронавирусот и наложи прекин на неесенцијалните производни активности во државата.

Според последните податоци, во Мексико има 1.510 луѓе заболени од коронавирусот, а 50 се починати.

Најпознатото мексиканско пиво „Корона” се извезува во 180 земји во цел свет.  си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close