Svet.SlajderСветСвет.Портал

Привремената влада во Бенгази поднесе оставка

Привремената влада во источна Либија вчера поднесе оставка по повеќедневните протести поради лошите услови за живот

Бенгази, 14 септември 2020 (МИА) – Привремената влада во источна Либија вчера поднесе оставка по повеќедневните протести поради лошите услови за живот.

Премиерот Абдалах ал Тани оставлката на владата ја поднесе до претседавачат на Претставничкиот дом со седиште во Бенгази, Адили Салеху.

Парламентот и владата на Тани, која не е меѓународно признаена, сојузници се на командантот на самопрогласените Либиски арапски вооружени сили, генерал Халифа Хафтар, под чија контрола се источниот и јужниот дел на Либија.

Демонстрантите  вчера го запалија седиштето на владата во Бенгази, при што беше предизвикана само материјална штета.

Мисијата за поддршка на Обединети нации во Либија (УНСМИЛ) соопшти дека во протестите загинале најмалку еден цивил, а повредени се три лица и повика да се спроведе истрага за наводната прекумерна употреба на сила против мирните демонстранти и да се ослободат од притвор учеснбиците на протестите.

Судирите во Либија почнаа во 2011 година, кога во граѓанската војна беше соборен долгогодишниот лидер Моамер Гадафи, кој подоцна беше убиен. Оттогаш две ривалски групи се борат за превласт.

Силите на генерал Хафтар во април 2019 година покренаа офанзива за заземање на Триполи, но меѓународно признатата Влада возврати.

Меѓународно признаената Влада на премиерот Фајез ал Сараџ, со седиште во Триполи контролира помал дел од територијата, додека седиштето на Хафтар е во Тобрук и тој контролира поголем дел од земјата, а има контрола и врз нафтените полиња. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close