Дописници МКДОпштински вести

Приведени три лица поради криволовство во Демиркаписко 

Три лица биле лишени од слобода поради криволовство во Демиркаписко, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Демир Капија, 11 септември 2020 (МИА) – Три лица биле лишени од слобода поради криволов во Демиркаписко, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Вчера, околу 1:00 часот, полициски службеници  од Полициската станица Михајлово во село Дрен, Демиркаписко, кај местото Брана, извршиле контрола на возило „нисан“ со штипски регистарски    броеви. Возилото било управувано од М. М. (44) од Штип, а како сопатници биле Г. И. (31) од Штип и Т. Л. (45) од Демир Капија. Притоа биле пронајдени ловечка пушка и рибарска опрема за криволов, појаснува Додевски.

Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/лв/

Back to top button
Close
Close