ХроникаХроника.Портал

Приведени три лица, од нив двајца малолетни од Арачиново за тешка кражба

Полицијата синоќа во 22.20 часот ги привела Н.Е.(22) и двајца 17-годишни малолетници, сите од скопското село Арачиново, затоа што околу 21.40 часот на ул.„Трајко Китанчев“ извршиле тешка кражба на Љ.Д.(51) од Скопје и ѝ одзеле чанта во која имало пари, мобилен телефон и лични документи.

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Полицијата синоќа во 22.20 часот ги привела Н.Е.(22) и двајца 17-годишни малолетници, сите од скопското село Арачиново, затоа што околу 21.40 часот на ул.„Трајко Китанчев“ извршиле тешка кражба на Љ.Д.(51) од Скопје и ѝ одзеле чанта во која имало пари, мобилен телефон и лични документи.

По преземени мерки, полициски службеници го пронашле и запреле патничкото возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки во кое биле лицата, а при преглед во возилото биле пронајдени одземените предмети.

Од МВР денеска информираат дека биле пронајдени и прашкаста материја, марихуана, четири куршуми од пиштол, нож и две дрвени палки, а кај Н.Е. биле пронајдени 10.000 денари и два мобилни телефони.

Лицата биле приведени во Полициската станица Гази Баба, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/са/

Back to top button
Close
Close