Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Приведени сопственик на угостителски објект и десет жени во гостиварски Добри дол

Полицијата по извршена контрола во угостителски објект во гостиварското село Добри Дол го привела сопственикот и десет женски лица.

Гостивар, 8 август 2020 (МИА) – Полицијата по извршена контрола во угостителски објект во гостиварското село Добри Дол го привела сопственикот и десет женски лица.

Според МВР, утрово околу 2:00 часот полициски инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар – СВР Тетово со писмена наредба од судија по претходна постапка при Основен Суд Гостивар бил извршен претрес во угостителски објект и други помошни простории сопственост на Р.Б.(46) од с. Добридол. Тој претходно бил осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При извршениот претрес во угостителскиот објект биле затекнати десет женски лица на возраст од 21 до 39 години. Три од нив се државјанки на Република Северна Македонија, шест од Република Албанија и една е од Република Косово. Сите тие, заедно со сопственикот на угостителскиот објект Р. Б. биле лишени од слобода и задржани во полициска станица Гостивар поради основано сомнение за извршено кривично дело „Трговија со луѓе“. По расчистување на случајот и постапката ќе им бидат поднесени соодветни поднесоци. згм/мд/

Back to top button
Close
Close