Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Приведен жител на Јегуновце кој со возило загрозувал учесници во сообраќај и полицајци

Полицијата вчера привела жител на тетовско Јегуновце кој бил пријавен од други возачи поради загрозување на сообраќајот, а кој потоа и полицајците се обидел физичи да ги нападне.

Тетово, 3 август 2021 (МИА) – Полицијата вчера привела жител на тетовско Јегуновце кој бил пријавен од други возачи поради загрозување на сообраќајот, а кој потоа и полицајците се обидел физичи да ги нападне.

-Околу 20 часот и 20 минути на регионален пат Тетово-Јажинце, кај село Пршовце, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.С.(44) од тетовско Јегуновце затоа што со своето возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки ги загрозувал другите учесници во сообраќајот. Потоа агресивно се однесувал и се обидел физички да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од СВР Тетово.

Тој бил приведен во Полициска станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. ас/сст/

Back to top button
Close
Close