Дописници МКДОпштински вестиХроника

Приведен кумановец, не постапувал според здравствените прописи

Полицијата уапси 21 годишен кумановец кој не постапувал според здравствени прописи за време на епидемија, соопшти денеска СВР Куманово.

Куманово, 22 јули 2021 (МИА) – Полицијата уапси 21 годишен кумановец кој не постапувал според здравствени прописи за време на епидемија, соопшти денеска СВР Куманово.

–  Во 01:10 часот, утрово во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода И.А.(21) од Куманово за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информираше СВР Куманово.

Тој бил спроведен во казнено-поправна установа затвор К’шање за издржување на казната. ам/ки/

Back to top button
Close
Close