Дописници МКДХроникаХроника.Портал

Приведен 19-годишник за обид за обљуба на 14-годишно девојче

Тетовската полиција приведе 19-годишно лице како осомничено за обид за обљуба на девојче на 14 години. Случајот се случил во неделата, а во понеделникот го пријавила мајката на девојчето.

Тетово, 3 март 2020 (МИА) – Тетовската полиција приведе 19-годишно лице како осомничено за обид за обљуба на девојче на 14 години. Случајот се случил во неделата, а во понеделникот го пријавила мајката на девојчето.

– Вчера 31-годишна тетовка во СВР Тетово пријавила дека претходниот ден околу 14 часот, 19-годишен тетовец во неговиот стан ја повикал нејзината малолетна ќерка и во влезот од нивната зграда ја допирал по телото и се обидел да изврши обљуба, но не успеал, бидејќи девојчето избегало и и раскажало на својата тетка. Момчето било лишено од слобода и е задржано во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, информира денеска СВР Тетово.

Ова е втор сличен случај за десетина дена. Во петокот 61-годишник беше притворен по што доби и притвор за полов напад врз девојче што не наполнило 14 години. ас/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close