0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Приватниот авион на Меси принудно слетал во Брисел

Приватниот авион на Лионел Меси принудно слетал на аеродромот во Брисел. Причина, како што пишуваат странските медиуми, е дефект на леталото.

Брисел, 3 април 2020 (МИА) – Приватниот авион на Лионел Меси принудно слетал на аеродромот во Брисел. Причина, како што пишуваат странските медиуми, е дефект на леталото.

Според британски „Сан“, приватниот авион на Меси полетал од Аргентина кон Бразил за потоа да се упати кон Тенерифе на Канарските Острови, но итно бил приземјен во Брисел во 9:10 часот по локално време. Еден час подоцна повторно полетал, но во воздух се задржал само 43 минути по што се вратил на аеродромот во Белгија.

Засега нема информации кој бил во авионот и дали меѓу патниците бил и Меси или членови на неговото семејство. Аргентинската фудбалски ѕвезда веќе две години го поседува авионот што го плати 11 милиони фунти. сѓд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close