0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Притвор за косовски државјанин кој се обидел да внесе кокаин во „Идризово“

Притвор од 30 дена му одреди Основниот кривичен суд Скопје на косовски државјанин осомничен за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Осомничениот вчера во просториите на затворот „Идризово” во Скопје при редовна посета на осудено лице неовластено заради пренесување држел 89,96 грама кокаин.

 

– При влезот во установата осомничениот на затворскиот полициски службеник му предал пакет наменет за осуденото лице, во кој имало и една јакна. По извршениот претрес на пакетот, во внатрешниот џеб од јакната, во најлонско пакување обвиткано со селотејп, била пронајдена наркотичната дрога – кокаин, соопшти Јавното обвинителство.

Мерката притвор од 30 дена му е одредена на предлог на надлежен јавен обвинител поради опасност осомничениот да избега, да влијае врз сведоците и да го повтори кривичното дело. хс/ац/

Back to top button
Close
Close