0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Притвор за 19-годишник за обид за убиство при семејно насилство во Велес

Oсновното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 19 години од Штип за кривично дело – Убиство во обид при вршење на семејно насилство.

Велес 14 јули 2021 (МИА) – Oсновното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 19 години од Штип за кривично дело – убиство во обид при вршење на семејно насилство.

Како што информираат од ОЈО Велес, на 13 јули попладнето осомничениот дошол во Велес заедно со својата вонбрачна сопруга во куќа во која живеел под кирија. Помеѓу нив настанала вербална расправија, при што осомничениот со нож на преклопување ја прободел оштетената три пати и тоа во десната страна на слабината, десното колено и левата потколеница, нанесувајќи и на тој начин телесни повреди, по што заминал од куќата.

Велешкото обвинителство до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот.

Предлогот бил прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена. ад/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close