Дописници МКДОпштински вести

Притвор од 30 дена за тројцата приведени на локација во тетовско Нераште, каде се најдени 100 садници канабис сатива

По вчерашното приведување на три лица на локација во тетовско Нераште на која се најдени и 100 стебла канабис сатива, денеска судија во претходна постапка им одреди мерка притвор.

Тетово, 17 јуни 2021 (МИА) – По вчерашното приведување на три лица на локација во тетовско Нераште на која се најдени и 100 стебла канабис сатива, денеска судија во претходна постапка им одреди мерка притвор.

Полицијата вчера околу 18 часот ги приведе А.Ш. (24),Р.К.(30) и И.Т. (26),тројцата од Скопје, кои биле затекнати во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша, од левата страна на реката Вардар, каде се сомничат дека одгледувале „канабис сатива”

-По вчерашното приведување тројцата се задржани се во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот. Потоа е поднесена кривична пријава до Обвнителството согласно член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на нартотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Потоа судија во претходна постапка им одреди мерка притвор од 30 денови, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

По одредување на мерката притвор тројцата се пренесени во КПУ Затвор Скопје. ас/рп/

Back to top button
Close
Close