ХроникаХроника.Портал

Притвор од 30 дена за скопјанец кај кого е пронајден пиштол „Црвена застава“, модел „магнум 357“

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, по претходна наредба од Основен кривичен суд Скопје, вчера при извршен претрес во дом и други простории кај М.Д.(38) од Скопје, на ул.„Дижонска“, бил пронајден револвер „Црвена застава“, модел „магнум 357“.

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, по претходна наредба од Основен кривичен суд Скопје, вчера при извршен претрес во дом и други простории кај М.Д.(38) од Скопје, на ул.„Дижонска“, бил пронајден револвер „Црвена застава“, модел „магнум 357“.

Од МВР денеска информираа дека против М.Д. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, а по дадениот исказ пред ОЈО Скопје, М.Д. бил изведен пред судија на претходна постапка и одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. цр/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close