Дописници МКДОпштински вести

Пристигна првото возило за отпад за Општина Пробиштип

Општина Пробиштип преку проектот „Набавка на опрема за собирање и транспорт на отпад во источен и североисточен плански регион" денеска го доби првото возило за собирање на отпад.

Штип, 18 август 2020 (МИА) – Општина Пробиштип преку проектот „Набавка на опрема за собирање и транспорт на отпад во источен и североисточен плански регион” денеска го доби првото возило за собирање на отпад.
Од кабинетот на градоначалникот на Општина Пробиштипп информират дека со проектот предвидено е до крајот на месецот да ги добијат и останатите две возила.
– Проектот е финансиран со средства од ИПА програмата за регионален развој на Европската унија.  Со новите, три возила отпадот од општина Пробиштип ќе се носи директно до регионалниот центар за преработка на отпад во село Мечкуевци. Дополнително преку проектот Општина Пробиштип ќе добие и садови за собирње на отпад со различен волумен, велат од кабинетот на градоначалникот Драган Анстасов.
Оттаму велат дека со ова целосно се менува возниот парк на ЈКП „Никола Карев” и се создаваат услови за нова реорганизација за изнесување на отпадот на територијата на Општина Пробиштип. вдј/фф/

Back to top button
Close
Close