0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

Припадници на Маринскиот корпус поделија играчки за деца – пациенти во неколку болници во Скопје

Припадници на Американскиот поморски корпус за божиќните празници ги посетија малите пациенти во неколку болници во Скопје за да поделат играчки и шират љубов.

Скопје, 7 јануари 2020 (МИА) – Припадници на Американскиот поморски корпус за божиќните празници посетија деца – пациенти во неколку болници во Скопје за да поделат играчки.

-Вработените во Американската амбасада донираа 140 играчки од програмата „Играчки за деца“ што ја води Маринскиот корпус на Соединетите држави, која дистрибуира играчки на деца чии родители не можат да си дозволат да им купат подароци за Божик. Оваа година решивме да посетиме неколку болни деца во локалните болници кои не можат да ги слават празниците во нивните домови и да им посакаме брзо закрепнување!, стои на ФБ профилот на Американската амбасада. вг/цр

Back to top button
Close
Close