0_Магазин.ПорталЗанимливости

Принцот Хари и Меган Маркл со уште една тужба против папараците

Секој поединец и член на семејство во Калифорнија има право на приватност во нивниот дом. Ниту еден дрон, хеликоптер или телескопски леќи не можат да го одземат тоа право, изјави нивниот адвокат Мајкл Камп.

Лос Анџелес, 24 јули 2020 (МИА) – Принцот Хари и Меган Маркл покренаа правна постапка во САД, против засега неименуван фотограф, кој наводно, го снимил нивниот 14-месечен син Арчи со дрон. Тоа се случило над нивната куќа во Лос Анџелес за време на карантинот поради корона-пандемијата.

Двојката во тужбата наведува дека сликите се напад на нивната приватност.

– Секој поединец и член на семејство во Калифорнија има право на приватност во нивниот дом. Ниту еден дрон, хеликоптер или телескопски леќи не можат да го одземат тоа право, изјави нивниот адвокат Мајкл Камп.

Тој додаде дека Хари и Меган поднеле тужба за да го заштитат правото на нивниот син да ужива во својата куќа без „навала“ на новинари и да го спречат профитирањето од тие фотографии.  си/

Таг
Back to top button
Close
Close