0_Магазин.ПорталЗанимливости

Принцот Ендрју ја извести британската кралица Елизабета дека на погребот на принцот Филип, сака да се појави во униформа на адмирал

Принцот Ендрју, војвода од Јорк, се повлече од сите јавни функции пред 18 месеци поради пријателството со осомничениот педофил Џефри Епстин. Но, 2015 година, на неговиот 55. роденден, му беше доделена почесната титула заменик-адмирал.

Лондон, 14 април 2021 (МИА) – Откако принцот Ендрју ја извести својата мајка – британската кралица Елизабета Втора, дека на погребот на неговиот татко – принцот Филип, сака да се појави во униформа на адмирал, во Бакингемската палата се појавија „бранувања“, па кралицата сега мора да одлучи – која униформа?

Војводата од Јорк, принц Ендрју се повлече од сите јавни функции пред 18 месеци поради пријателството со осомничениот педофил Џефри Епстин. Но, 2015 година, на неговиот 55. роденден, му беше доделена почесната титула заменик-адмирал на Кралската морнарица.

Погребот на војводата од Единбург, принц Филип, ќе се одржи в петок и в сабота.

На неговиот 60. роденден, лани, војводата од Јорк требаше да добие чин адмирал, но тој предложи одложување на унапредувањето, сѐ додека не се разјасни неговиот однос со Епстин и тој се врати на своите јавни должности. Британската кралица треба да донесе одлука за ова прашање денеска.  си/

Back to top button
Close
Close