БизнисБизнис.ПорталДописници МКДОпштински вести

Прилепскиот тутунски комбинат одбележува петгодишно стратегиско партнерство со „Филип Морис“ и позитивни економски резултати

Ефикасноста на Тутунскиот комбинат-Прилеп е резултат на петгодишното стратегиско партнерство со „Филип Морис“ и формирањето на заедничката компанија „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“, соопштуваат од Прилепскиот комбинат каде пригодно се одбележува петгодишнината од стратегиското партнерство со светски познатата компанија.

Прилеп, 13 декември 2019 (МИА) – Ефикасноста на Тутунскиот комбинат – Прилеп е резултат на петгодишното стратегиско партнерство со „Филип Морис“ и формирањето на заедничката компанија „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“, соопштуваат од Прилепскиот комбинат каде пригодно се одбележува петгодишнината од стратегиското партнерство со светски познатата компанија.

Како што вели генералниот директор на Комбинатот, Кирил Станкоски, стабилизирано е работењето на Комбинатот, а потоа е спроведена трансформацијата на производствениот процес и неговата модернизација. Особено што оваа година се смета за пресвртна во работењето на Комбинатот.

– Тутунскиот комбинат Прилеп значително го подобрува својот статус и е на добар пат да стане пример за компанија која бележи позитивни резултати. По стабилизирањето на работењето на Комбинатот, следуваше квалитативна трансформација на производствениот процес и модернизација, овозможени од стратегиското партнерство со „Филип Морис“. За подобрувањето на општите резултати, придонесе и производството на прогресивен формат на „Малборо“ цигарите што е голем успех за нас, особено што нѐ става на мапата на производители на најпознатиот глобален бренд во тутунската индустрија. Оптимисти сме и очекуваме добри резултати во наредната година со оглед на откупот на тутунот кој е во тек и поради квалитетот што се покажа досега. Оваа година беше пресвртна за Тутунскиот комбинат, а амбициите за наредната, 2020 година, се уште поголеми, вели Станкоски.

Како што истакнуваат од рилепскиот Тутунски комбинат, ефикасноста на производството беше дополнета со подобрувањето на инфраструктурата, реновирањето на производствениот погон, подобрувањето на стандардите за работа, производството на нови, квалитетни брендови барани на пазарот и со спроведувањето на стабилниот откуп на тутунот и навремената исплата на кооперантите. Како дел од стратегиското партнерство со „Филип Морис“ се унапредени производствените процеси и квалитетот на производстворто, производната хала од преку 5.000 метри квадратни е реновирана што доведе до правилен развој на Комбинатот за значителен негов придонес во македонската економија.

Прилепскиот тутунски комбинат брои вкупно 235 вработени, од кои 100-ина во Фабриката за цигари. ем/мс/

Back to top button
Close
Close