Дописници МКДОпштински вести

Прилепскиот градоначалник со штипскиот на видео-конференција со американската амбасадорка

Прилеп контролирано се справува со пандемијата и заразата со Ковид 19, истакна прилепскиот градоначалник Илија Јованоски кој денеска беше дел од видео конференцијата на која учествуваа и амбасадорката на САД во нашава држава, Кејт Мери Брнз и градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски.

Прилеп, 26 јуни 202 (МИА) – Прилеп контролирано се справува со пандемијата и заразата со Ковид 19, истакна прилепскиот градоначалник Илија Јованоски кој денеска беше дел од видео конференцијата на која учествуваа и амбасадорката на САД во нашава држава, Кејт Мери Брнз и градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски.

Двајцата градоначалници и американската амбасадорка разговараа за предизвиците со кои општините се соочуваат за време на кризата со КОВИД-19, за начинот на кој Прилеп и Штип одговорија на пандемијата, за комуникацијата со централната власт и со граѓаните, како и за мерките кои локалните власти ги преземаат за заживување на економијата.

Градоначалникот Јованоски истакна дека општина Прилеп беше меѓу првите во државата, во која за кратко време се појави и прогресираше пандемијата од КОВИД-19.

-Заклучно со денешниот ден, Центарот за јавно здравје во трите општини – Прилеп, Долнени и Кривогаштани, има извршено околу две илјади тестирања, позитивни на коронавирус биле 242 лица, 202 лица оздравеле, а 19 починале, вели Јованоски.

Јованоски напомена дека во соработка со текстилната компанија „Гифти Текс“, општина Прилеп прва во нашава држава вршеше дистрибуција на бесплатни маски за сите здравствени институции и за граѓаните на општината, дека континуирано се вршеше дезинфекција на улиците во градот и во населените места, на јавните површини и на влезовите во зградите.

При видео конференцијата Јованоски зборуваше и за улогата на волонтерската служба, која на граѓаните од ранливите категории, на лицата со хендикеп, им набавуваше и им доставуваше храна и лекови, што беше особено изразено за време на таканаречениот „полициски час“.

Јованоски ја истакна одличната комуникација и соработката со централната власт, односно со сите министерства и со државните институции кои на некаков начин се вклучени во справувањето со здравствената криза, како и преку доследната примена на сите мерки и на препораките кои ги носат Владата, Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Јованоски при видео-конференцијата рече дека во соработка со Советот на Општината беа донесени повеќе економски мерки за ублажување на финансиските штети кои ги претрпеа прилепските малостопанственици и во соработка со повеќе домашни и меѓународни компании и институции, на семејствата со социјален ризик им беа распределни хуманитарни пакети со прехранбени производи и дезинфекциони средства.

На крајот на едноиполчасовната видео конференција, прилепскиот градоначалнико упати покана до амбасадорката на САД во нашава држава, Кејт Мери Брнз, да ја посети општина Прилеп, кога за тоа ќе се создадат услови, првенствено од аспектот на надминувањето на здравствената криза со коронавирусот. ем/мс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close