Дописници МКДОпштински вести

Прилепската гимназија одбележа 75 години постоење

Прилепската гимназија „Мирче Ацев“ денеска одбележа 75 години постоење и 77 години од загинувањето на народниот херој. Во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ вечер ќе се одржи свечена академија. 

Прилеп, 4 јануари 2020 (МИА) – Прилепската гимназија „Мирче Ацев“ денеска одбележа 75 години постоење и 77 години од загинувањето на народниот херој. Во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ вечер ќе се одржи свечена академија.

– Ова е голем момент за Прилепската гимназија која го одбележа патрониот празник, но и големиот јубилеј 75 години откако почна со работа далечната 1945 година, а се навршуваат и 70 години од првата завршена генерација на 30-ина матуранти. Сѐ почна на 2 август на второто заседание на Президиумот на АСНОМ во 1944 година кога е донесена одлуката за основање на гимназијата. Првата генерација матуранти завршила во учебната 1949/50 година. До ден денес оваа образовна институција дава бројни генерации интелектуалци кои со своите способности се докажуваат низ целиот свет, рече директорот на гимназијата Диме Настески, споменувајќи дека првите години од формирањето била прогласувана за најдобра во тогашната држава Југославија.

Посочи дека обезбедени се значителни средства за инвестиции во Гимназијата.

– Со одлука на Владата од 16 ноември сме влезени во програмата за реконструкција на гимназијата. Се очекува да почне тендерската документација и работите да почнат околу мај годинава и да продолжат во летните месеци. Во меѓувреме имаме инвестиција за машинскиот дел за котларницата, тендерот вреден 86.000 евра е завршен, а за градежниот дел средствата се обезбедени од локалниот буџет. Со доаѓањето на гасот први ќе бидеме подготвени да се приклучиме. Има обезбедено средства и за уредувањето на дворот на Гимназијата. Сите проекти ќе и дадат нов, современ лик на оваа респектабилна образовна институција и ќе се подорбат условите за настава, додаде Настески. ем/рп/

Back to top button
Close
Close