Дописници МКДОпштински вести

Прилеп изгласа детален урбанистички план за нов театар

Прилепските советници го донесоа деталниот урбанистички план со што практично се создадени сите услови за Прилеп да добие нов театар.

Прилеп, 14 мај 2020 (МИА) – Прилепските советници го донесоа деталниот урбанистички план со што практично се создадени сите услови за Прилеп да добие нов театар.

Според Миле Талески, претседател на советот, донесувањето на деталниот урбанистички план ја заокружи досегашната процедура.

– Се донесе деталниот урбанистички план во централното градско подрачје, со што се создадоа условите за изградба на новиот театар. Ова е заокружување на целата процедура за театарот, претходно почната преку Министерството за транспорт и врски, јавната анкета, преку јавниот увид кој го имаа граѓаните. Практично, се создадени сите услови за Прилеп да добие нов театар, изјави Талески.

Советниците на денешната седница направија прераспределба на непродуктивните трошоци во буџетот да може да ги користат јавните-комунални претпријатија кои имаат зголемен обем на обвски во оваа вонредна ситуација.

Со одлуката се укинаа сите непродуктивни тропшоци, како репрезентации, патувања во странство. Средствата се насочени кон јавните-комунални претпријатија на кои поради ситуацијата со кризата, им беа од особена важност, рече Талески.

Советот донесе одлука за прифаќање на донацијата од противпожарно возило, кое на противпожарната единица и го даруваше ПИ „Витаминка“.ем/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close