ХроникаХроника.Портал

При претрес во Дебар пронајдена дрога, приведено едно лице

Полицијата од Дебар, ноќеска околу 00:30 часот на улица „8 Септември“ во Дебар го лишила од слобода Н.И.(37) од Дебар, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја.

Скопје, 25 јули 2021 (МИА) – Полицијата од Дебар, ноќеска околу 00:30 часот на улица „8 Септември“ во Дебар го лишила од слобода Н.И.(37) од Дебар, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, подоцна, врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени електронска вага и две дробилки со остатоци од марихуана и таблети со кафеава боја.

Од МВР дополнуваат дека лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ар/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close