0_SlajderСветСвет.Портал

При лизгање на земјиште во Индија загинаа 42 лица, дваесетина затрупани

Од лизгање на земјиштето на плантажа за чај во близина на државата Керала во јужна Индија загинаа 43 лица, а се стравува дека дваесетина луѓе се под урнатините.

Њу Делхи, 9 август 2020 (МИА) – Од лизгање на земјиштето на плантажа за чај во близина на државата Керала во јужна Индија загинаа 43 лица, а се стравува дека дваесетина луѓе се под урнатините.

Свлечиштето предизвикано од обилните врнежи од дожд настанало во петокот наутро додека работниците сè уште спиеле, соопштија властите.

– Ние ја прекинавме спасувачката акција за еден ден поради дождот. Операцијата ќе продолжи се додека не се најде последното тело, рече Идуки Х.Динешан од локалната власт.

Метеоролошката служба на Индија издаде предупредување за обилни врнежи во неколку области, вклучувајќи црвено предупредување за Идуки.

Во 2018 година Керала беше погодена од најголемите поплави во последните сто години, кога стотици луѓе загинаа. паг/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close