Svet.SlajderСветСвет.Портал

При експлозија на бомба во Авганистан загинаа седум цивили

Во експлозија на бомба поставена покрај пат во авганистанскиот округ Џагату, во провинцијата Газни, загинаа седум цивили

Кабул, 23 август 2020 (МИА) – Во експлозија на бомба поставена покрај пат во авганистанскиот округ Џагату, во провинцијата Газни, загинаа седум цивили.

Според локалните власти при нападот загинале три жени, две деца и двајца мажи.

Се уште никој не презел одговорност за нападот.

Според извештајот на Обединети нации во првите шест месеци од годината во вооружени судири во Авганистан загинаа 1.282 луѓе, а стотици се повредени. Повеќе од 40 проценти од цивилните жртви се жени и деца. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close