Дописници МКДОпштински вести

Пријави за физички напад меѓу вработени во тетовската болница

Двајца вработени во Клиничката болница во Тетово пријавиле во полицијата дека биле физички нападнати.

Тетово, 4 февруари 2021 (МИА) – Двајца вработени во Клиничката болница во Тетово пријавиле во полицијата дека биле физички нападнати.

-Во 12 часот и 45 минути, А.Е.(41) од Тетово пријавил дека околу 11 часот во тетовската Клиничка болница, каде бил вработен, физички бил нападнат од  Н.С.(50) од тетовско Селце, исто така, вработен во болницата. Набрзо потоа, Н.С. пријавил дека тој бил физички нападнат од А.Е и од уште неколку други лица кои не биле вработени во болницата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.

Тетовската полиција вчера бележи и пријава за физички напад меѓу роднини на возраст од 71 и 56 години на улица  „Љубо Божиновски-Пиш“ во Тетово поради нерасчистени имотно-правни односи. ас/рп/

Back to top button
Close
Close