Дописници МКДОпштински вести

Пријавена за исчезната 36-годишна жена од Кратово

Вчера, во текот на раните утрински часови во полициската станица во Кратово е пријавена за исчезната жена на 36- годишна возраст.

Крива Паланка, 18 август 2020 (МИА) –  Вчера, во текот на раните утрински часови во полициската станица во Кратово е пријавена за исчезната жена на 36- годишна возраст.

Според информациите од портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Живкица Чавдаревиќ, лицето е пријавено за исчезнато од страна на нејзиниот сопруг.

-На 17 август 2020, рано утрината, во еден часот и пет минути, во Полициската станица од општа надлежност Кратово, педесет и две годишен жител на Кратово, со иницијали С.Г. од селото Филиповци, пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга М.Г., 36 години. Надлежните институции и министерството за внатрешни работи превземаат мерки за пронаоѓање на лицето, посочи Чавдаревиќ. ид/аа/

Back to top button
Close
Close