0_Спорт.ПорталФудбал

Пријателски меч во Анталија: Вардар – Ц. Звезда 0:0

Вардар и Црвена звезда ремизираа без голови во денешниот пријателски меч во Анталија. Белграѓани, според извештаите од Турција, биле подобар ривал од „црвено-црните“, особено во второто полувреме, но мрежата на Гачевски остана мирна. 

Анталија, 29 јануари 2020 (МИА) – Вардар и Црвена звезда ремизираа без голови во денешниот пријателски меч во Анталија. Белграѓани, според извештаите од Турција, биле подобар ривал од „црвено-црните“, особено во второто полувреме, но мрежата на Гачевски остана мирна.

За вардарци ова беше четврта контрола на подготовките во Анталија по поразите во сите три претходни меча – од Хајдук со 1:3, од Динамо Киев со 0:4 и од Бачка Топола со 1:2.

Наредниот, претпоследен, меч за лидерот во домашното првенство ќе биде на 2 февруари против Борац од Бања Лука. сѓд/

Back to top button
Close
Close