0_Македонија.ПорталОпштествоОпштински вестиСкопје

Презентирано истражување за потребите на младите на локално ниво

Младите од Карпош сакаат да бидат вклучени во сите процеси на одлучување и дејствување на локално ниво. Високи 60  проценти од нив сметаат дека можат да понесат лична одговорност, и со ангажман и акција да променат нешто. Исто така, 53 отсто од младите досега имаат волонтирано, а мотивација за тоа е што сакаат да помогнат на поединец или на група на луѓе. Ова го потврдува истражувањетo: „Потреби на младите на локално ниво – младински локални банки“, подготвено од младинската организација „Младите можат“, кое беше поддржано од Амбасадата на САД во Скопје, соопштија од Општина Карпош.  

Back to top button
Close
Close