0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Презентирани резултати од проектот „Зајакнување на општинските совети“ 

Во салата на Дом на културата „Крсте Мисирков“ во Свети Николе денеска, почитувајќи ги здравствените протоколи, се одржа последната форумска сесија со презентација на евалуацијата на целиот процес во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, преку кој се реализираше проектот „Енергетско ефикасна детска градинка“.

Штип, 21 август 2020 (МИА) – Во салата на Дом на културата „Крсте Мисирков“ во Свети Николе денеска, почитувајќи ги здравствените протоколи, се одржа последната форумска сесија со презентација на евалуацијата на целиот процес во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, преку кој се реализираше проектот „Енергетско ефикасна детска градинка“.

Градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски, рече дека со проектот е извршена замена на покривот на градинката Клон2 и замена на вратите и прозорците.

– Со ова ја подобривме енергетската ефикасност на градинката обезбедувајќи подобри услови за нашите најмили. Воедно, со реализација на овој проект овозможивме и реконструкција и отворање на сензорната соба за лицата со посебни потреби. Истакнувам голема благодарност до УНДП и Швајцарскта развојна агенција кои ни овозможија реализација на овој значаен проект со грант од 50.000 швајцарски франци, а останататите средства во износ од 1.200.000 денари ги обезбедивме преку буџетот на општина Свети Николе, рече Велковски.

Посочи дека граѓаните на  форумските сесии предложиле низа приоритетни, а дел од нив веќе се реализирани или се во тек. Граѓаните побарале затоплување и ладење на салата на Домот на културата, токму овој проект сега се реализира. вдј/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close