Дописници МКДОпштински вести

Презентирана нацрт-верзијата на Социјалниот план за Општина Крива Паланка

Општина Крива Паланка наскоро ќе добие социјален план кој е изготвен согласно Законот за социјална заштита и измените од мај 2019 година и ќе ги таргетира ранливите категории на граѓани од урбаните и руралните средини, возрасни лица и пензионери, невработени лица, лица со попреченост и лица жртви на семејно насилство.

Крива Паланка, 25 јуни 2020 (МИА) – Општина Крива Паланка наскоро ќе добие социјален план кој е изготвен согласно Законот за социјална заштита и измените од мај 2019 година и ќе ги таргетира ранливите категории на граѓани од урбаните и руралните средини, возрасни лица и пензионери, невработени лица, лица со попреченост и лица жртви на семејно насилство.

Нацрт-верзијата денеска беше претставена пред институциите и здруженијата кои работат во областите на засегнатите групи на лица опфатени со истиот, врз основа на кој ќе се изготви финална верзија, социјална карта на Општина Крива Паланка и годишните планови за социјална заштита кои ќе ги спорведува општината.

– Социјалниот план се изработува во соработка со Минситерството за труд и социјална политика на Северна Македонија, со поддршка на Делегацијата на ЕУ во државата и „Ептиса“, во рамки на подрршката на модернизацијата на службите за пружање социјални услуги.Маширањето на податоци воглавно беше административно и од фокус-групи, согласно протоколите на пандемијата, а опфатени се сите сегменти на општината кои ќе бидат целни таргет групи за работа во иднина и нивно унапредување, изјави Елена Христовска, админситративен работник од областа на социјалата од Одделението за локален економски развој при Општина Крива Паланка.

Планот за социјална заштита се однесува на периодот 2021-2024 година.

По еден интензивен процес на работа, за краток временски период од месец и пол , вов реме на пандемиај со Ковид-19 презадоволни сем од ажурноста на службите, на инволвираните страни, на Советот за социјална заштита и иницијативноста и интересот на градоначалникот да дојдеме до ваков обемен и сеопфатен план. Социјалното претприемништво е нешто што во иднина ќе даде резултати за импелемнтација на ваквите планови, а работната група од Крива Паланка ќе може да бид еприемр и да менторира и во оптините од регионто за да може ан ниво на Североисточен плански регион да се подготват социјални палнови и да се бараат фондови , заеднички, за оставрување на зацртаните цели, рече Ива Михајловска од „Ептиса“.

Градоначланикот Борјанчо Мицевски рече дека социјалниот план е сериозен документ кој ќе даде резултати на долгорочен план.

– Крива Паланка по структура на население е со голем процент со возрасна популација, а домови за стари лица и зиградба и искористување на потенцијалите за згрижуавње возрасни лица во нашиот град има многу, но како општина имаме перспектива и да развиеме социјално претприемништво, изјави Мицевски.

Ана Филиповска, експерт за социјална економија и социјално рпетприемништво сподели искуства од Германија, Италија, Канада, но и од нашата држава, со конкретни примери на формирање социјални претпријатија кои се, како што рече, иднината.

– Честитки за социјалниот план, кој е план на заедницата, овозможувајќи по силан кохезија во средината. Бев дел од основачите на првото социјално претпријатие во Скопје и сакам да нагалсам, како експерт во областа, дека социјалното прептиремништво почнува до ранливите категории, преку нивно директно консултурање по однос на потребите, понатаму нивно зајакнување, како капацитети и со компетенции, и нивно економско јакнење и осоамостојување, рече Филиповска.

Таа нагласи дека социјалното претприемништво е единствената одржлива опција.ид/фф/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close