Дописници МКДОпштински вести

Презентиран туристички продукт на младите од Крива Паланка

Младите лица од Крива Паланка на возраст од седум до 19 години се запознаа со туристичкиот продукт за здравствени потенцијали на Североисточниот регион од нашата држава и Благоевградската област во Република Бугарија.

Крива Паланка, 12 ноември 2020 (МИА) –  Младите лица од Крива Паланка на возраст од седум до 19 години се запознаа со туристичкиот продукт за здравствени потенцијали на Североисточниот регион од нашата држава и Благоевградската област во Република Бугарија.

-Продуктот е интегрирана понуда за здравствен туризам во двата региони, а е изработен како сублимат на знаењата на младите стекнати на работилниците за важноста и поврзаноста на здравствената превенција и туризмот во овие региони одржани во рамки на проектот „Младите од Бугарија и Северна Македонија заедно за туризам како здравствена превенција”. Поделени во повеќе групи, синоќа младите од Крива Паланка имаа можност да го погледнат продуктот кој воедно ги зголемува нивните знаења од оваа област. Проектот финишира, активностите се приведуваат кон крај, иако целиот проект се спроведе во специфични и отежнати услови на пандемија, но беа запазени сите протоколи за заштита од Ковид-19, изјави Младен Протиќ раководител на Центарот за развој на Североисточен плански регион.

Проектот го имплементираат, Североисточниот плански регион од РС Македонија и Фондацијата „Профилактика за здравје” од Благоевград, Република Бугарија, во рамки на ИНТЕРРЕГ – ИПА програмата на Европската унија за прекугранична соработка меѓу двете држави.

-Проектот има за цел развој на туристичките капацитети во двата региони за унапредување на здравјето и соработката на младите и лицата со посебни потреби, истакна Протиќ.

Во рамки на проектот изградени се фитнес зона на отворено и мини-голф терен во кејот на Крива Река во Крива Паланка, а во Благоевград е воспоставен здравствен и туристички центар за вмрежување што ќе обезбеди бесплатни здравствени услуги за младите и лицата со посебни потреби од двете општини и регионот.ид/бт/

 

Back to top button
Close
Close