0_Web_АктуелноBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Презентација на студија за ефектите од КОВИД-19 врз туристичко угостителскиот сектор

Клучните наоди од „Студијата за ефектите предизвикани од КОВИД-19 врз туристичко угостителскиот сектор, со препораки за справување со економските ефекти“ ќе бидат презентирани денеска во Скопје.

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Клучните наоди од „Студијата за ефектите предизвикани од КОВИД-19 врз туристичко угостителскиот сектор, со препораки за справување со економските ефекти“ ќе бидат презентирани денеска во Скопје.

Презентацијата е организирана во рамки на Проектот на УСАИД  „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, имплементиран од „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ и четирите клучни партнери: Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија. вј/бак/

Back to top button
Close
Close