0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Презентација на проектот „Зајакнување на капацитетите за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот“

Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот“ ќе биде презентиран денеска во Владата на Република Северна Македонија.

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот“ ќе биде презентиран денеска во Владата на Република Северна Македонија.

Прокетот ќе го претстават Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот и Министерството за внатрешни работи, во соработка со Делегацијата на Европската Унија, Карабиниери во соработка со Агенцијата „Studiare Sviluppo“ од Република Италија. 

Медиумите ќе имаат можност да го регистрираат свечениот дел од настанот со поздравните говори, по што следува и изјавата на координаторот на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, Борче Петревски. ац/бк/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close