0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderГраѓански сектор

Презентација на платформата за пријавување загадување до Државниот инспекторат за животна средина

Државниот инспекторат за животна средина, во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата „Разбистри сè“ , денеска ќе ја презентираат платформата за пријавување загадување до Државниот инспекторат за животна средина.

Скопје, 1 февруари 2021 (МИА) – Државниот инспекторат за животна средина, во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата „Разбистри сè“ , денеска ќе ја презентираат платформата за пријавување загадување до Државниот инспекторат за животна средина.

Платформата овозможува пријавите кои ќе пристигнуваат од граѓаните по различни електронски канали (Фејсбук, е-адреси, веб страници) да стигнуваат на едно место и да бидат лесно проследувани до надлежните инспектори кои ќе реагираат директно на терен.

На прес- конференцијата, по повод презентацијата на платформата, ќе зборува в.д. директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска. дма/са/

 

Таг
Back to top button
Close
Close