0_Македонија.ПорталОпштество

Презентација на Периодичниот извештај за застапеноста на детските права во работата на Собранието

Периодичниот извештај за застапеноста на детските права во работата на Собранието за периодот јули – декември 2019 година кој е дел од проектот „Да ги земеме правата во наши раце“ што го спроведува Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ во партнерство со „Save the Children“, денеска ќе биде презентиран во Скопје.

Скопје, 21 јануари 2020 (МИА) – Периодичниот извештај за застапеноста на детските права во работата на Собранието за периодот јули – декември 2019 година кој е дел од проектот „Да ги земеме правата во наши раце“ што го спроведува Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ во партнерство со „Save the Children“, денеска ќе биде презентиран во Скопје.

Од „Меѓаши“ најавуваат дека ќе бидат промовирани наодите од мониторингот за застапеноста на правата на децата во работата на Собранието и собраниските комисии за образование, наука и спорт, за здравство и за труд и социјална политика во периодот јули – декември 2019 година.

Извештајот, посочуваат од „Меѓаши“ дава преглед на пленарните седници на Собранието, како и на седниците на собраниските комисии на кои се дискутирале закони или законски измени кои директно или индиректно се однесуваат на правата на детето. Извештајот, исто така, содржи и препораки за работата на пратениците, институциите и граѓанските организации за постигнување поквалитетен и поправеден свет за секое дете, наведуваат од „Меѓаши“. рп/бак/

 

Back to top button
Close
Close