БизнисБизнис.ПорталЕкономијаОпштество

Презентација на мерката 115 „Активен женски член во земјоделското домаќинство“

Презентација на мерката 115 „Активен женски член во земјоделското домаќинство“ од Програмата за рурален развој за оваа година ќе се одржи денеска во Општина Могила.

Скопје, 6 декември 2019 (МИА) – Презентација на мерката 115 „Активен женски член во земјоделското домаќинство“ од Програмата за рурален развој за оваа година ќе се одржи денеска во Општина Могила.

На презентацијата ќе присуствуваат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со директорот на Платежна агенција Николче Бабовски и градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска, во присуство на жени земјоделки од тој регион.

На настанот бидат објаснети чекорите и критериумите за доставување на барања по јавниот повик за мерката 115, кој се уште е активен, а крајниот рок за доставување на барања завршува на 26 месецов, соопшти МЗШВ. мс/са/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close