0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

Презентација на Декларација за младите, образованието и иднината

Во паркот на новинари пред Министерство за образование и наука, денеска ќе биде потпишан „Нов договор за образование и млади" - Декларација за  младите, образованието и иднината помеѓу Универзитетските студентски собранија на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“, „Мајка Тереза“, „Климент Охридски“ и „Гоце Делчев“ и претставници на политичките партии. 

Скопје, 11 јули 2020 (МИА) – Во паркот на новинари пред Министерство за образование и наука, денеска ќе биде потпишан „Нов договор за образование и млади” – Декларација за  младите, образованието и иднината помеѓу Универзитетските студентски собранија на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“, „Мајка Тереза“, „Климент Охридски“ и „Гоце Делчев“ и претставници на политичките партии.
-Потребата од ваков документ, во кој се содржани политики и мерки во однос на образованието и студентите, се јавува поради три причини: состојбата на високообразовниот систем во Северна Македонија, односот на политичките субјекти кон образовниот систем во целост и кон младите и воспоставувањето на функционален систем на студентско организирање, велат од УСС-УКИМ. дма/ац/

Back to top button
Close
Close