0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

Преземени сите неопходни мерки за максимално безбедни услови за крводарување

Поради вонредната состојба во државата  и спроведување на мерки и препораки на Владата на Република Северна Македонија за справување со вирусот КОВИД-19, од страна на Црвениот крст на РСМ и Институтот за трансфузиона медицина се донесени заклучоци кои биле одобрени од страна на Министерството за здравство и испратени до сите општински организации на Црвен крст и службите за трансфузиона медицина.

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Поради вонредната состојба во државата  и спроведување на мерки и препораки на Владата на Република Северна Македонија за справување со вирусот КОВИД-19, од страна на Црвениот крст на РСМ и Институтот за трансфузиона медицина се донесени заклучоци кои биле одобрени од страна на Министерството за здравство и испратени до сите општински организации на Црвен крст и службите за трансфузиона медицина.

Соопштуваат дека раководните структури на Црвениот крст на РСМ и Институтот за трансфузиона медицина се во постојан контакт и одржале неколку состаноци преку скајп конференции на кои се следат актуелните состојби со резервите на крв и крвни продукти, се закажуваат крводарителски акции, одредени се деновите и работното време  на службите за трансфузиона медицина и Дневниот центар за дарување на крв во ДХО Даре Џамбаз за самоиницијативно крводарување и се даваат препораки на ООЦК и СТМ.

– Следејќи ги препораите на Министерството за здравство на РСМ, Институтот за трансфузиона медицина  ги презема сите неопходни мерки за создавање на максимално безбедни услови за крводарување, и тоа: персоналот на ИТМ е дополнително обучен за спроведување на сите пропишани хигиенски мерки; воведен е систем за обезбедување на соодветно растојание помеѓу дарителите на крв; се практикува телефонско повикување на дарителите на крв со цел да се обезбеди континуитет во крводарувањето во безбедни временски интервали (закажување), соопштуваат од Црвен крст.

Информираат дека активно ја следат состојбата во врска со коронавирус пандемијата и дека здравјето на граѓаните, на потенцијалните крводарители и на здравствениот персонал се на прво место.

Од Црвен крст изразија благодарност до сите крводарители, припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, припадниците на полицијата и здравствените работници кои во оваа исклучително тешка состојба за државата даруваа крв која е неопходна за опстојување и функционирање на здравствениот систем.

Oттаму апелираат граѓаните да ги следат препораките на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија.фф/скс/

Back to top button
Close
Close