Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Превентивно заклучен влезот во Спомен-костурницата во Кавадарци

Јавното комунално претпријатие во Кавадарци одлучи привремено превентивно да биде заклучен влезот во Спомен-костурницата во Кавадарци бидејќи се случувало несовесни поединци таму да поминуваат време и да се групираат во услови на пандемија од коронавирус.

Кавадарци, 21 април 2021 (МИА)Јавното комунално претпријатие во Кавадарци одлучи привремено превентивно да биде заклучен влезот во Спомен-костурницата во Кавадарци бидејќи се случувало несовесни поединци таму да поминуваат време и да се групираат во услови на пандемија од коронавирус.

– Секоја чест на мнозинството кое ги почитува мерките за заштита од Ковид-19. Но има и такви кои, за жал,  не ги почитуваат тие мерки во изминатиот период. Токму поради тоа се одлучивме на ваков чекор. Иако, за сите организирани и најавени посети на Спомен-костурницата, во услови на пандемија и со почитување на превентивните мерки, стоиме  на располагање да се отклучува објектот, рекоа за МИА од комуналното претпријатие.

Спомен-костурницата се наоѓа во градскиот парк. Изградена епред 45 години во чест на загинатите во Народноодлободителната војна 1941-1945 година. Спомен-објектот е дело на инженер архитект Петар Муличковски, тогаш професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. 

Симболизира стара македонска куќа, која претставува вечно почивалиште на паднатите борци и жртви на фашистичкиот терор. 

 

На портите на влезот во Спомен-костурницата го има грозјето како симбол на градот Кавадарци. 

Луѓе од различни возрасти со кои разговараше МИА, го поздравија превентивното заклучување на објектот и рекоа дека едвај чекаат повторно да биде достапен во секое време. Според нив, глетката од врвот на костурницата е меѓу најубавите и едно од омилените места за селфи-фотографии на посетителите. свд/хс/

Back to top button
Close
Close