0_Спорт.ПорталРакомет

Претстојниот викенд КЛ 7 домаќин на меѓународен ракометен турнир

Ракометниот клуб КЛ7 од 24 до 26 јануари ќе биде организатор и домаќин на „Меѓународен турнир за млади категории КЛ7 2020“. На турнирот, покрај домаќинот ќе учествуваат и екипите на Вардар, Металург, Еурофарм и ПИК Сегед од Унгарија.

Скопје, 23 јануари 2020 (МИА) – Ракометниот клуб КЛ7 од 24 до 26 јануари ќе биде организатор и домаќин на „Меѓународен турнир за млади категории КЛ7 2020“. На турнирот, покрај домаќинот ќе учествуваат и екипите на Вардар, Металург, Еурофарм и ПИК Сегед од Унгарија.

Екипите ќе бидат поделени во две категории: 2002 и помлади, 2004 и помлади.

Во првата категорија (2002) ќе се натпреваруваат: КЛ7, Пик Сегед, Металург и  Еурофарм Пелистер.

Во втората категорија (2004) ќе се натпреваруваат: КЛ7, Пик Сегед, Вардар и Металург.

Турнирот ќе се игра во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во Кисела Вода, а свечено ќе го отвори најпознатиот македонски ракометар Кирил Лазаров. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close