Svet.SlajderСвет.Портал

Претставникот на ОН за Либија Гасан Саламе поднесе оставка

Претставникот на Обединетите нации за Либија, Гасан Саламе, на својот личен профил на Твитер објави дека поднесува оставка поради „здравствени причини“, по речиси три години на функцијата.

Њујорк, 3 март 2020 (МИА) – Претставникот на Обединетите нации за Либија, Гасан Саламе, на својот личен профил на Твитер објави дека поднесува оставка поради „здравствени причини“, по речиси три години на функцијата.

– Морам да признам дека моето здравје повеќе не ми дозволува да трпам толку стрес и побарав од генералниот секретар да ме разреши од моите должности, напиша тој.

Либанскиот дипломат рече дека се обидел да ги обедини Либијците и да спречи меѓународно мешање, посакувајќи и „мир и стабилност на Либија“.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на 22 јуни 2017 година го назначи Саламе за нов специјален претставник и шеф на мисијата на ОН за поддршка во Либија. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close